Граѓаните на Охрид се презаситени од ветувањата на ВМРО – ДПМНЕ кои ги изнесуваат пред секој изборен циклус, велат од општинската СДСМ.

– Доволно беше од ветувања дека Охрид ќе се поврзе со железнички сообраќај со другите градови во Република Македонија. Исто така, доволно е од ветувањата кои ВМРО – ДПМНЕ ги дава уште од 2006 година дека Охрид ќе биде поврзан со автопатишта со Гостивар и со Битола. На граѓаните им е преку глава од празните зборови за иградба на затворен базен, фудбалски игралишта. Охриѓани не сакаат повеќе да слушаат нереални проекти во улога на предизборни ветувања како т.н. проект “Сахараја“, хотел од познатиот синџир Хилтон и разни виртуелни странски инвестиции, додаваат од СДСМ.

OhridNews