Во рамките на утврдената агенда за планираните предизборни активности , синоќа кандидатот за градоначалник и дел од кандидатите за советници од советничката листа на СДСМ Охрид ги посетија и остварија предизборни средби со жителите од 7-ми Ноември и Центар. На присутните граѓани од овие урбани заедници во Охрид им беа изложени основните одредби од изборната програма на СДСМ за претстојните локални избори. Во директен, отворен и непосреден разговор со присутните, и на двете средби се  дискутираше за сите прашања и проблеми на жителите од овие делови на градот, како и за актуелните случувања на политичката, економската и општествената сцена во општината и во државата.

Денес, 11.03.2009 година (среда) со почеток во 18:30 часот кај спортското игралиште во Воска, ОИШ на СДСМ Охрид ќе одржи предизборен митинг, на кој ќе бидат претставени кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од советничката листа на СДСМ Охрид. На присутните граѓани од овој дел на Охрид ќе им се обратат г-дин Александар Петрески, кандидат за градоначалник, како и кандидатите од советничката листа од СДСМ кои доаѓаат од овој дел на Охрид. На оваа јавна трибина пред ѓраѓаните ќе бидат изложени основните одредби и  цели од изборната програма на СДСМ за претстојните локални избори.

Вечерва, со почеток во 21:00 часот, кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од советничката листа на СДСМ Охрид ќе остварат предизборна средба и со жителите од урбаната заедница Крали Марко, соопшти партиската прес служба.