
-Ние како пратеници имаме добиено мандат од граѓаните, да го браниме
Уставот и Законите и да ги застапуваме нивните интереси во Собранието на
Република Македонија. Но, по насилното и брутално исфрлање на
опозициските пратеници од законодавниот дом, режимот таквото делување го
оневозможи. Собранието во овој состав постои само на хартија, бидејќи
режимот ја суспендираше парламентарната демократија. Затоа, ние
ќе продолжиме да ги браниме интересите на граѓаните и демократијата, но
надвор од институциите кои неповратно го изгубија својот легитимитет, сѐ
додека истиот не се поврати преку слободни и фер предвремени
парламентарни избори.-изјави пратеникот Игор Ивановски.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој истакна дека засега нема најава за можна средба со власта, посочувајќи дека опозицијата своите ставови јавно ги изнела.
– Кажавме дека сме подготвени за разговор, за отворање на сериозен политички дијалог за нашите политички барања. Ако власта продолжи да се однесува на овој начин и влезе во едно сценарио за организирање на нелегитимни локални избори, без учество на македонската опозиција, а тоа во овој момент се повеќе гласови од оние на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш сите негативни, многу сериозни, длабоки последици по државата ќе ги сноси исклучиво власта. Ние избори сакаме, власта е на потег тоа да го овозможи.-додаде Ивановски.

„Ставот и принципот на СДСМ- “се бориме за демократија, а ќе ги рушиме институциите”, преставува непочитување на граѓаните, вклучително и на нивните гласачи, како и погазување на демократските вредности“, се вели во реакцијата.












