Голем број членови и симпатизери на СДСМ во Охрид ја слават победата на кандидатот за градоначалник Константин Георгиески.

 

Од аналитичкиот центар на СДСМ, информираа дека нивниот кандидат води со 3.855 гласа повеќе пред противкандидатот од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски. Од обработени 100% од избирачките места, за кандидатот Константин Георгиески гласале 16.485 граѓани, а за кандидатот од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски гласале 12.630. Неважечки ливчиња биле 1.165.

Пред присутните се обрати Георгиески кој им заблагодари на сите граѓани кои гласале за него, како и на неговото семејство за поддршката во текот на кампањата. Како што рече, денес е ден за славење а од утре почнува со работа.