СДСМ се подготвува за големиот митинг вечерва во Охрид
17.03.09 00:21
Во рамките на утврдената агенда за планираните предизборни активности, вчера во попладневните часови кандидатот за градоначалник Александар Петрески и кандидатите за советници од редовите на СДСМ Охрид ги посетија и остварија предизборни средби со жителите од 15-ти Корпус и Илинден. Во директен, отворен и непосреден разговор со присутните од овие две урбани заедници во Охрид беа презентирани приоритетите од изборната програма на СДСМ за претстојните локални избори, а се дискутираше и за сите отворени прашања и проблеми на жителите, како и за актуелните случувања на политичката, економската и општествената сцена во општината и во државата.
Според утврдената агенда на Централниот изборен штаб на СДСМ вечерва со почеток во 20:30 часот на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ СДСМ ќе го одржи својот централен изборен митинг во Охрид. На митингот ќе бидат претставени кандидатите за членови на општинскиот совет од советничката листа на СДСМ Охрид, а на присутните граѓани ќе им се обратат г-дин Зоран Заев, претседател на СДСМ, г-дин Александар Петрески, кандидатот од СДСМ за градоначалник на Општина Охрид и г-дин Љубомир Данаилов Фрчкоски, кандидатот од СДСМ за Претседател на Република Македонија.
Денеска започнува предизборната кампања за претсдателските и локални избори, што ќе трае до 20-ти март, кога започнува изборниот молк Изборите за претседтаел на државата ќе се одржат на 22 март зае...
На 22 март во Охрид ќе се одржат четвртите локални избори Граѓаните покрај за градоначалник, на претстојните избори ќе гласаат и за членови на Советот На овие избори конкуренцијата за едно од 23-те...
Со голем митинг на плоштадот „Св Климент Охридски“ во Охрид, вечерва, владејачката ВМРО ДПМНЕ, традиционално, ќе ја започне изборната кампања за претсдателските и локалните избори 2009 На митингот ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.