СДСМ се сомнева во договорот на владата со Субрата Рој, за ВМРО ДПМНЕ нема ништо спорно
17.07.13 23:09
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара Владата da ги расчисти дилемите во договорот за заклуп на агрокомбинатот „Џумајлија“ со, како што се наведува, „контроверзниот Субрата Рој“.
Според СДСМ објавениот договор предизвикува многубројни дилеми.
-Кој е сопственикот на фирмата закупец, ако се има во предвид дека тоа не е Сахара Груп, туку лицето Suhbinder Singh Heer кој е жител на Лондон и државјанин на Обединетото кралство. Кое е ова лице и каква е неговата врска со Субрата Рој или Сахара Груп? Зошто државата склучила договор за закуп со фирмата ДПЗП Sahara Pure Eatables Corporation Limited ДООЕЛ од Скопје, која е основана со основна главнина од само 5.000 евра кои видливо од податоците од Централниот регистер сеуште не се уплатени? Како тоа оваа фирма со неуплатена основна главнина плаќа закуп од 120 денари месечно за хектар, а сите останати земјоделци во Македонија во земја од таков квалитет месечно плаќаат од 600 до 1000 денари за хектар? – запраша портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.
Тој посочи дека доколку компанијата на Субрата Рој, односно во наредните 3 години произведе исто колку што произведувал агрокомбинатот Џумајлија во ттој период, тогаш државата на име на субвенции е должна да му исплати на закупецот околу 1.300.000 евра, односно просечно околу 430.000 евра годишно.
На прес конференцијата на СДСМ реагираше ВМРО ДПНЕ. Оттаму сметаат дека СДСМ очајно се обидува да ги избрка инвесторите од Република Македонија, плашејќи се дека Владата ќе добие поени кај граѓаните од нејзините активности за привлекување на инвестиции и зголемување на вработеноста во државата.
-СДСМ треба да се надмине себеси и да помогне во воспоставувањето на добра клима за инвестирање во Македонија и да престане да прави се само за да ги избрка потенцијалните инвеститори, заради своите тесни партиски интереси.Закупот, за кој што говори СДСМ, сеуште не се плаќа, бидејќи договорот штотуку беше склучен. Фирмата која ќе го плаќа закупот ќе се докапитализира, или додека да почне да генерира приходи ќе ги исплаќа обврските од средства кои ќе ги добива од фирмата-мајка. За склучувањето на договорот, фирмата закупец има доставено банкарска гаранција во вредност од 3 милиони евра, со која државата се заштитува и доколку не се исполнуваат обврските од договорот, не само што ќе се наплати банкарската гаранција, туку и договорот за концесија ќе биде раскинат.-стои во реакцијата.
Од ВМРО ДПМНЕ појаснуваат дека закупецот доставил првокласна банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот иако законот истата не ја бара, како и дека бисината за концесискиот надометок е во рамките на законските износи за земјоделско земјиште од 1-4 и 5-8 класа.
Впрочем тврдењата на СДСМ за субвенциите кои ќе ги добива закупецот на АК Џумајлија, се целосно неосновани. Тоа е нивна интересна математичка гимнастика и тие повторно покажуваат тотално непознавање на законската регулатива и програмата за директна финансиска поддршка во земјоделството. За културите за кои е издаден договорот, под услов сите да се обработени, согласно овогодишната програма, закупецот би добил максимално 85.000 евра, што е далеку од износите кои СДСМ ги наведува.
За Сахара Груп во Македонија важат истите закони кои важат и за фирмите на сите други, па и на Зоран Заев. Токму неговите фирми ги користат бенефициите од политики на оваа Влада и доблесно е кога веќе пресметуваат во СДСМ , да кажат колкави суми на субвенции добиваат фирмите на Зоран Заев и фирмите блиски на СДСМ од Буџетот на Република Македонија?-стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена Како ...
На 14112025 во 15:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на две различни локации во водите на Охридското Eзеро кај охридското село Пештани пронајдени се четири неексплодирани експлозивни направи Из...
На 15112025 во 03:45 часот во сПодгорци, струшко, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга лишија од слобода 39-годишно лице од сОровник, охридско При...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.