Охрид, се наоѓа на прагот на уште една туристичка сезона и повторно се соочува со наследените сообраќајни проблеми. За излез од ваквите сообракајни метежи , континуирано се бараат оптимални решенија   од страна на локалната власт и градоначалникот Александар Петрески. Наспроти ова, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, ја замајува јавноста со секојдневните прес конференции, за тоа дека не требало кружен тек кај Билјанини извори, како и за користењето на една лента за сообракај на Кеј Маршал Тито. Според него, не треба ништо да се презема, за да може подоцна да излезе на прес конференција и да каже дека во Охрид има сообраќаји метежи , беше кажано на денешната прес конференција од општинската организација на СДСМ.

– Што и да се направи, за него ништо не чини, затоа што сите овие се зафати на локалната власт во Охрид и градоначалникот Петрески од редовите на Социјалдемократскиот сојуз. Ништо не чини за него, затоа што така од  Центарот за лаги и манипулации на ДПМНЕ му е речено да кажува, рече портпаролот на општинската СДСМ, Љупка Иваноска.

Од СДСМ прашуваат зошто актуелната власт на ВМРО ДПМНЕ го дели народот на подобни и неподобни личности, бидејќи со најновото непочитување на функцијата градоначалник на Охрид, од ДПМНЕ била упатена порака дека тие што не се со нив се неподобни.

– Како можеше министерот Ставрески да го изнашета мултимилијардерот од Индија, Субрата Рој и да му ги покажува убавините на Охрид, а при тоа да не го пречека првиот човек на градот, градоначалникот. Претходно истото се случи и при посетата на мексиканскиот милијардер и најбогат човек на светот Карлос Слим. Зарем ова не е јасна порака од владеачката партија ВМРО ДПМНЕ до светот,  дека во Македонија нема соработка на централната со локалната власт, и во прашање ги доведува странските инвестиции. Тоа е согледано од странските милијардери и компании, затоа досега, нема никаков кам бек во Охрид од странските инвеститори, рече Иваноска.

Од СДСМ до ДПМНЕ им порачуваат да се откажат од непродуктивните проекти и да се зафатат со  работа со која ќе се решат виталните проблеми на граѓаните.

OhridNews