.jpg)
– Врнежите од снег, на крајот од декември, за општинските власти во Охрид беа временска непогода од огромни размери, што ги изненади надлежните стручни служби. Туристите, кои едвај успеваа да пристигнат до хотелите, апартманите и вилите, беа видливо разочарани и непријатно изненадени од состојбата на улиците во градот, не можејќи да ја сфатат несериозноста на надлежните во градот.Охриѓани многу добро знаат дека никогаш во последните 10-тина и повеќе години, состојбата со зимското одржување во Охрид и отстранувањето на снегот не била така лоша и катастрофална, каква што беше во текот на изминатите 10 дена. Никогаш порано кејот не бил во полоша состојба, никогаш до сега повеќедневните нечисти снежни наслаги не биле фрлани во езерото,никогаш порано улиците во градот не останале без сол, никогаш порано стариот дел од градот не бил целосно блокиран неколку дена, никогаш порано пешаците и возилата не се движеле по толку високи наслаги од мраз и набиен снег, никогаш порано не се создавал таков сообраќаен хаос во строгиот центар на градот. Врнежи од снег во Охрид имаше и во минатото и тоа многу поинтензивни и пообилни, но никогаш надлежните општински служби не биле неефикасни и дезорганизирани како сега, додаваат од ОО на СДСМ.
Оттаму додаваат дека очигледно е дека основниот проблем се состои во неспособноста и нестручноста на раководниот кадар, затоа што работниците што си ги извршуваат професионало работните задачи се истите.
– Дали конечно некој од надлежните ќе понесе конкретна одговорност за она што се случуваше во текот на новогодишните празници во Охрид?! Дали жне очекува уште една непријатна зимска одисеја по улиците на Охрид во наредните денови?! Дали и за време на Божикните празници охриѓани “ќе ги убива туѓиот срам“?! Дали градоначалникот Бакрачески ќе си ги признае направените кадровски грешки и дали конечно ќе почне да ги поставува директорите и раководителите по стручна и професионална основа, а не по роднинска и партиска?!, прашуваат од општинската СДСМ.
OhridNews











