Во рамките на планираните предизборни активности денеска во 11 часот, во општинската организација на СДСМ, ќе се одржи прес-конференција.

Потпретседателот на СДСМ, Јани Макрадули и кандидатот за градоначалник на Охрид од оваа партија, Александар Петрески попладнето од  17:30 часот, на платото пред ТИНЕКС кај трговскиот центар „Трудбеник“, ќе присуствуваат на јавен собир  на кој ќе имаат свое обраќање.

Во рамки на изборната кампања, во 20 часот во големата сала на општина Охрид, во организација на Локалниот клуб на жени од СДСМ, ќе биде одржана стручна трибина на тема „Болести на дојката кај жените – информирање, рано откривање, превенција и лекување“.

Ohridnews