Од СДСМ со обвинувања до ВМРО-ДПМНЕ за „партиска чистка“ во Охрид, кон лица кои  не се или одбиле да потпишат пристапници за членство во владеачката партија и новите коалициони партнери, меѓу кои и партијата „ГРОМ“. 

–    Запрепастувачки е како во исто време во општините Охрид и Карпош, се преземаат идентични активности кон лица кои не се или одбиле да потпишат пристапници за членство во нивните политички партии што резултира со најгруба партиска чистка на професионални државни службеници, наставници и професори. Помеѓу избрканите наставници има и жена која е во осмиот месец од бременоста, изјави на денешната прес- конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој рече дека ВМРО – ДПМНЕ на најгруб можен начин отстранил околу 60-тина стручни и искусни наставници и професори од наставно – образовниот процес во општина Охрид, без притоа да се води сметка како тоа ќе се одрази на квалитетот на наставата на учениците и нивното образование.