Кандидатот за претстедател на Република Македонија треба да ја одразува мултиетничката димензија на државата и како таков да биде прифатен од сите граѓани, а токму Струга е најдоброто место да се долови таквиот момент. Ова го изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев, при денешната посета на Струга, каде учествува на семинар посветен на успешните изборни модели, на кој свои искуства презентираат социјалдемократи од Шведска.
-СДСМ повеќе од еден месец е посветен на изнаоѓање вистинска личност за кандидат за претседател на државата. Правиме анкети и истражувања, но ниту јас во Струмица, ниту во централата подобро знаеме што е мултидимензионалниот карактер на важноста од сите етнички заедници во профилирањето на идниот кандидат за претседател на државата и дај боже претседател на сите граѓани на Македонија. Моите сопартијци во Струга ми дефинираа дека надпартискиот кандидат значи гледање во нашите партиски структури, но секако силно внимание и надвор од партијата, личности кои се прифатливи за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Власи…, муслимани, христијани, човек кој што ќе биде прифатен како иден претседател на државата. Таквиот кандидат кој се залагаме да биде пронајден од партиските структури и поддржан во неговата кандидатура дефинитивно мислиме дека во целост ќе ја исполни функцијата претседател на државата.-изјави Заев.
Зоран Заев
Тој рече дека кандидатот за претседател на државата СДСМ покрај во своите редови, го бара и надвор од партиските структури, но се анализраат и кандидати кои се од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
-Очекуваме кандидат Македонец кој ќе биде поддржан од граѓаните Албанци, Турци, од граѓаните од ромска, влашка и другите националности, додаде Заев.
OhridNews