ОО на СДСМ Охрид, ОИШ на СДСМ Охрид, денеска во 11 ч. ќе ја одржи својата редовна прес конференција, на која на новинарите ќе им се обратат носителот на советничката листа од СДСМ Охрид, г-динот Бранислав Трпчески и кандидатот за градоначалник од СДСМ Охрид, г-динот Александар Петрески. На прес конференцијата, која ќе биде посветена на изборниот процес за првиот изборен круг од претседателските и локалните избори 2009  година, новинарите ќе имаат можност да разговараат и со кандидатите за советници од советничката листа на СДСМ Охрид.

Во рамките на утврдената агенда за планираните предизборни активности, денеска(петок), со почеток во 20:00 часот, во населбата Рача ОИШ на СДСМ Охрид ќе одржи предизборен митинг, на кој ќе бидат претставени кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од советничката листа на СДСМ Охрид. На оваа јавна трибина во Рача пред жителите ќе бидат изложени основните одредби и цели од изборната програма на СДСМ за претстојните локални избори.

Ohridnews