– И покрај се’, во СДСМ и во здружената опозиција постои уште поголемо единство за бојкот на престојните локални избори, одлука која е исклучиво во интерес на Македонија и нејзините граѓани. Сакаме да ја информираме јавноста дека во изминативе денови, власта на секаков можен начин се обидуваше преку злоупотреба на државните институции, закани, уцени, па дури и со непристојни понуди, да убеди некој кандидат или партија од здружената опозиција да одигра епизодна улога за Никола Груевски. Нема никакви дилеми дека тоа единствено им успеа со Стевчо Јакимовски, новиот глумец на “фамилијата“, кој со задоволство ја прифати улогата на тројански коњ, велат од СДСМ.