– Постапката за избор на кандидат се уште е во тек и точно не се знае името на кандидатот. Наш став е дека нема логика да се поддржи кандидат од друга партија која на минатите избори има освоено помал број гласови од СДСМ. Постојано сме во контакт со коалиционите партнери, но конечна одлука кој ќе биде кандидатот за градоначалник кој ние ќе го поддржиме не е утврдено, велат од струшката општинска организација на СДСМ.
Оттаму, додаваат дека при донесувањето на одлуката ќе се води грижа пред се за интересите на граѓаните на општина Струга и партијата.