Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре во Охрид ќе одржи консултативен состанок со членството и двајцата кандидати кои влегле во потесен избор за претседател на огранокот.
Најсериозни шанси да ја преземе претседателската функција на ОО СДСМ Охрид има Томислав Тунтев актуелен советник и координатор на советничката група на СДСМ. Негов против кандидат е Веле Тодороски.
Тие утре ќе се сретнат со раководството на СДСМ и ќе ги изнесат своите ставови, програми и визии за функционирањето на огранокот на партијата во Охрид, по што евентуално ќе биде донесена одлука околу изборот на нов претседател на ОО СДСМ – Охрид.
OhridNews