Општинската организација на СДСМ- Струга обвинува дека Владата на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ како најголем партиципиент во неа, го заборави големиот јубилеј 70 години од македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“.

– Зошто 70 годишнината од создавањето на македонската химна не беше прославена во центарот на Струга, каде и за прв пат беше испеана од група млади стружани- патриоти?-прашуваат струшките социјалдемократи, според кои, ВМРО ДПМНЕ го избегнува прославувањето на датумите поврзани со НОБ.

Оттаму уште велат дека ДПМНЕ се однесува лицемерно и не ја говори вистината во врска со прославата на јубилејот на македонската химна, а истовремено како дел од власта прифаќа да ја финансира прославата на 100 годишнината од албанската држава.

OhridNews