Поставувањето на портпаролот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ Илија Мојсоски за ВД директор на Фестивалот „ Охридско лето“  е уште еден факт за целосната политизација, што ДПМНЕ ја прави во сите институции, па и во оние кои се од висок национален интерес, стои во дописот испратен од општинската СДСМ, а по повод назначувањето на новиот ВД директор на фестивалот Охридско лето.

– Фестивалот е најеминентната музичко- сценска културна манифестација во Македонија и е на врвот на листата на најпознатите во Европа и светот. Зарем не е далеку од разумот, портпаролот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ ,со завршен Факултет за туризам и угостителство и без потребно искуство во областа на културата, да  се постави за прв човек на најпрестижната културна манифестација во Република Македонија. Ваква кадровска политика може да води само ДПМНЕ. Министерството за култура распиша и поништи два конкурси за директор на „ Охридско лето“ ,веројатно  за да може на ваков начин да го политизира фестивалот и да го награди портпаролот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ со висока функција, стои меѓу другото во дописот.

OhridNews