– Фатени во сопствената стапица како ја лажат охридската и македонската јавност дека нема никакви поплави во Охрид, дека во Пештани и на патот Охрид – “Св. Наум” нема никаква опасност, преку ноќ, а со единствена цел – дефокусирање на јавноста, повикуваат на некаква средба за фино однесување. Средбите за фино однесување ќе ги оставиме за тогаш кога ќе престанете да го лажете народот, а тоа значи никогаш, бидејќи во истото соопштение продолжувате со вашите лаги во сто чекори, стои во соопштението на СДСМ.
Социјадемократите повторно го прозваа и новиот лидер на ОК ВМРО ДПМНЕ, околу вработувањето на неговата сопруга.
– Без срам и перде, тврдите дека вработувањето на сопругата на Вашиот нов претседател во Државниот просветен инспекторат е политичка конструкција и невистина. Почитувана фина и културна господо од ВМРО ДПМНЕ, првата дама на охридското ДПМНЕ на 14.02.2010 година го раскинала Договорот за работа во среднто угостителско училиште, а од 15.02.2010 година е на работа во Државниот просветен инспекторат, се вели во соопштението на ОО СДСМ – Охрид.