Од општинската СДСМ со реакција околу вчерашната средба на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се дел од просветните работници во Охрид.

  • Кажал дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да работи за подобар стандард, враќање на достоинството, исправање на неправдите кон оваа група вработени, подобри услови и повисоки плати. Сигурно, како во нивно време обнова на екстернoто тестирање и ѕидот на срамот на МОН со казнети наставници врз основа на резултатите од тоа екстерно тестирање. Можеби обнова на Кембриџ програмата сега, надградена  и во средното образование. Можеби „обнова“ на уште  60 000 000 евра  за уште еде проект ,, компјутер за секое дете” бидејќи компјутерите од претходниот завршија во подрумите на училиштата. А провизиите од нив – само може да се претпостави каде? Најверојатно поголеми плати и подобар третман од тој што го имаа во 11 годишното нивно владеење. Студентските и ученичките домови беа остaвени во катастрофална состојба и со долгови од 5 000 000 евра, велат од ОО на СДСМ.

Оттаму, со потсетување на Мицкоски, како што велат, за работите кои ВМРО ДПМНЕ можело, но не ги направило во сферата на образованието.

  • Покачување на платите во основно и средно образование за кумулативни 21,3% за само 2,5 години власт предводена од СДСМ и коалицијата визави 4% за нивното 11 годишно владеење. Покачување за 5% во високото и предвидено 10% зголемување во високото образование кое неговиот послушник Влатко Ѓорчев го оневозможи со не свикување на Комисијата за труд и социјала. Покачување на 25% на платите во државните научни институти и вградување во пресметката на нивните плати и вредност од минатиот труд, велат од СДСМ.

Потсетуваат за реализираните проекти откако СДСМ ја презело локалната власт, со цел подобрување на условите за изведување настава. Меѓу нив: промената на азбестните покриви во училиштата, нови дограми, санитарни јазли во дел од нив, нов инвентар во охридската гимназија, како и решевањето на проблемот со блокираната сметка на ОУ „Григор Прличев“.

OhridNews