Од општинската организација на СДСМ обвинуваат дека ОК на ВМРО- ДПМНЕ , предвреме ја започнало предизборната кампања за престојните локални избори , што е спротивно на законските прописи .
– Нивниот кандидат за градоначалник Никола Бакрачески , заедно со високи функционери на ВМРО- ДПМНЕ и членови на нивната предлог листа за советници , секоја вечер одат од куќа до куќа , делат пропагандни материјали и ги убедуваат граѓаните да излезат на гласање, велат од СДСМ- Охрид .
Оттаму информираат дека за ваквата појава , покрај јавноста ќе ги информираат и претставништата на ОБСЕ/ ОДИХР во Македнонија.











