Два дена јавната детска установа „Јасна Ристеска“ нема централно греење во својот објект „Развигорче“, обвинува опозициската СДСМ. Таму каде што цел ден престојуваат нашите деца, недозволиво е во зимски услови да нема греење, велат од партијата, посочувајќи дека бројни се реакциите на родителите.
„Дали воопшто директорката реагирала да се надмине таа состојба или се уште е под импресии од службеното патување на официјалната делегација на општината Охрид во Нови Сад?! Патем нека им објасни на граѓаните и родителите на измрзнатите деца во градинката во кое својство таа беше дел од таа делегација? Или можеби е зафатена со уште една Дил-ориентид зделка со продавање на своите прирачници во градинката, бидејќи откако е на оваа функција, единствена грижа и е бизнисот со прирачниците од издавачката куќа од која таа има личен интерес? Или можеби со уште една злоупотреба на нејзината функција, со организирање на уште една детска приредба за раководството на Унијата на жени на ДПМНЕ?! Директорката на градинката е уште една од кадрите на Никола Бакрачески кои единствено мислат на својот луксуз и лично богатење. Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ веднаш треба да излезат од своите топли канцеларии и да го решат проблемот со греење во градинката во Охрид.“ – стои во реакцијата на СДСМ.
OhridNews
Општина:СДСМ во недостаток на аргументирана политичка дебата ги користи децата
Градинка: Во објектот „Развигорче“ дојде до дефект на парните котли кој веќе е отстранет