За денешната посета на Никола Груевски во Охрид голем број вработени во јавната администрација и локалната самоуправа биле принудувани да го напуштат работното место за да присуствуваат на настаните од неговата агенда, велат од општинската СДСМ. Според нив, тоа е уште една потврда дека граѓаните го напуштиле Никола Груевски.
– Осамен, Груевски ги принудува вработените во администрацијата и локалната самоуправа да го пополнуваат слабото присуство за време на неговите посети. На вработените во училиштата и детските градинки по електронска пошта им било испратено барање за присуство на настаните од агендата на Никола Груевски. Поради ова, на децата во градинките немало кој ужинка да им подели бидејќи учителки и негователки морале да присуствуваат на парадите на Груевски, а своето отсуство го оправдале со наводен состанок. Во Охридската гимназија часовите им биле скратени по 10 минути. И покрај се, посетата на Груевски на Охрид помина со многу слаб одѕив, велат од СДСМ.
Од СДСМ додаваат дека и во селото Велгошти имало слаб одзив на граѓаните, што според нив, говори за целосно изгубената доверба на граѓаните во Никола Груевски.
OhridNews