Вчерашните обвинувања од општинската ВМРО ДПМНЕ, околу работењето и сметката на јавното државно претпријатие Колекторски систем, од општинската организација на СДСМ го оценуваат како спинувани и небулозни.

  • Вие најмалку имате право на каков било коментар околу работењето на колекторскиот систем. За 11 години власт не вложивте ниту 11 денари во неговото одржување. Вие сте тие кои не само што не вложивте, туку успеавте со Вашата негрижа швајцарската донација во редуктори во вредност од 1 милион швајцарски франци во 2013 година за само една година да ја сотрете и да нема ништо од сето тоа. Господа од ДПМНЕ, само да Ве потсетиме дека делбениот биланс го гласаа и Вашите советници во Советот на Општина Охрид и истиот едногласно беше усвоен од сите присутни советници. И од каде сега наеднаш ВИЕ како да не сте од тука се оградувате од нешто што сте дел. Но, таквата практика ви е запишана во кодот: „Ние никогаш, само СДСМ е виновна за се’ и кога е опозиција и кога е власт.“ , се наведува во реакцијата на ОО на СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека сите зафати кои се во тек околу санацијата на колекторскиот систем ќе можат да се видат на снимките кои се прават за време на тековните активности.

  • За разлика од Вас ние од СДСМ работиме, за разлика од Вас ние инвестираме. Само да Ве потсетиме Владата на Република Северна Македонија, од буџетот обезбеди 4,2 милиони евра за санирање на најкритичните места поточно местата каде што ИМАШЕ излевање на фекалии во езерото. Владата, лани  на чело со нашиот лидер Заев имаше храброст да стави крај на вртењето во круг и да го преземе Колекторот и долговите. Ништо преку ноќ не може со волшебно стапче да се промени – за се’ господа од ВМРО ДПМНЕ треба работа и знаење, велат од СДСМ.

OhridNews