
– Одговорните лица упорно се обидуваат да ја убедат охридската јавност дека градската власт ги одблокирала сметките на училиштата во Општина Охрид, поради наводното нестручно и недомаќинско работење на поранешните директори. Но, колку и да се повторува една невистина, тоа не значи дека некогаш ќе се претвори во вистина. А вистината е следната – да, локалната власт од ДПМНЕ ги одблокира сметките од училиштата, кои беа блокирани по вина на централната власт од ДПМНЕ. А, еве ја и основната причина за блокирањето на сметките на училиштата – непочитување на Законот за работни односи на РМ, т.е. неисплаќање на отпремнина на пензионираниот наставен кадар од страна на Министерството за образование и наука.-беше речено на денешната прес конференција на СДСМ.
Оттаму објаснуваат дека наставниците, што по сила на закон се пензионирале во текот на 2011, 2012 и 2013 год., а во поголемите основни училишта во овој период имало по 6-7 пензионирани наставници, поднеле тужби до училиштата поради непочитување на законот од страна на власта. Отпремнината за секој од овие наставници изнесуваше околу 40 илјади денари, но со судските трошоци и каматите оваа сума достигна и до 80 илјади денари по човек, посочија од асдсм.
-Тоа значеше дека секое училиште, поради извршни судски одлуки, за наведениот период требаше да исплати повеќе од половина милион денари. Со оглед на фактот што училиштата не располагаат со толкави средства, нивните сметки беа блокирани со судски извршни решенија. Значи, за блокираните сметки на училиштата во Охрид вината исклучиво ја сноси Министерството за образование и наука, раководено од ДПМНЕ. Но, по освојувањето на локалната власт, за таквата состојба најлесно беше неоправдано и популистички да се обвини поранешната локална власт и директорите на училиштата. И, замислите чудо, сметките на училиштата, на спектакуларен и бомбастичен начин, преку вистински медиумски театар, беа одблокирани од истата власт на ДПМНЕ, но сега на локално ниво. – велат од СДСМ.
Опозцициската партија обвини дека локалната власт со закани и притисоци, извршила смена на директорите на училиштата и отпуштила 60 стручни и искусни наставници на првиот ден од учебната година. На нивно место, како што рекоа од СДСМ, биле ангажирани нестручни и неискусни партиски кадри, а најголема штета од тоа имаат учениците.
Прес конференција денеска одржа и ВМРО ДПМНЕ, која уште еднаш јавно побара одговор од СДСМ за енормното трошење на средства во периодот од 2005 до 2013 година.Оттаму обелоденија дека за патувања во земјата и странство во периодот од 2005 до 2013 месец март биле потрошени 16.573556 денари.

Од владејачката партија уште потенцираа дека градоначалникот Бакрачески, Локалната самоуправа и ВМРО ДПМНЕ секогаш водат политика базирана на факти и реални податоци, политика на отчетност и транспаретност, која е во интерес на народот.
OhridNews











