По повод ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски, до јавноста се обрати и општинската организација на СДСМ – Охрид, чиј член беше тој. Загубата е ненадоместлива, се вели меѓу другото во соопштението на охридските социјалдемократи.

Градот Охрид, СДСМ како партија чиј член беше покојниот Стојаноски изгубија човек со бескрајна енергија, силна посветеност на работата и со јасна визија за градот со кој раководеше. Загубата е ненадоместлива а тагата преголема.

Вечно ќе останат забележани неговите желби за развој на градот и поубава иднина на секој негов граѓанин. Но и неговата широка насмевка кога беше и најтешко и во миговите кога се случуваа турбулентни настани во Охрид и во Македонија.

Силно веруваше во луѓето, нивните капацитети и секогаш даваше шанса плус секому.

Од име на партијата, членството и симпатизерите изразуваме длабоко сочувство до семејството Стојаноски.

ОО СДСМ Охрид

По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид д-р Јован Стојаноски, утре, недела 16 декември) во 12 часот во партиските простории на ул. „Галичица“ ОО СДСМ Охрид, ќе одржи комеморативна седница.

OhridNews