Претседателот на Општинската организација на Социјалдемократската унија (СДУ), Марко Спасески, денес претпладне, одржа прес-конференција, посветена на актуелните случувања од кампањата за локалните избори. СДУ, како што е познато, е иницијатор и потписник на “Декларацијата за изборно достоинство” и е обврзана да го следи текот на кампањата и благовремено да интервенира, рече Спасески.

Давајќи оценка и за вториот дел од изборната презентација, односно за непосредните средби со граганите и одржаните јавни собири, Спасески, рече дека интересот за нивните презентации е се поголем. “Ги слушаме нивните забелешки  и проблеми, нудиме решенија за она што е во ингеренциите на Советот”, рече Спасески. “Впечаток е дека луѓето се чувствуваат заборавени, дека ги посетуваат партиите од избори на избори, дека треба да се подигнуваат контактите и соработката со локалната власт”, рече Спасески и пренесе впечатоци од средбите во Куратица и Радојца Новичиќ.

Досегашната кампања, Спасески  ја оцени како умерена, но и со мноштво празни и нереални ветувања од поединци, како и со непотребни  препукувања мегу двете партии, со изгледи да влезат во вториот круг. “Тоа не е во склад со со потпишаната Декларација за изборно достоинство, но ние не можеме да сториме ништо повеќе од апели”, рече Спасески.
Марко Спасески, на денешниот прес ја поддржа акцијата за засадување дрво “Засадија својата иднина”, во сабота. Кажи дека група од СДУ и Советничката листа, ќе оди на Мауцкер, со што и практично се вклучува во поддршка и реализацијата, како прилог во заштитата на животната средина и патронатот на  УНЕСКО.  Спасески, даде оценка, во врска со штрајкот на комуналците и неисчистениот смет во градот: “Граѓаните не ги интересираат меѓусебните прекупувања, пресметани и од изборни профити, но на сметка на нивното здравје. Затоа ги повикуваме Локалната самоуправа и ЈП”Охридски комуналец” најитно да го решат проблемот”, рече Спасески. На крајот тој потсети на вечерашните активности на СДУ, трибината во Големата сала на општина Охрид на тема: “Каков совет за Охрид”, со почеток во 18 часот и престојот во Пештани, во 19,30 минути.