Тоа што “тераме” кампања, со ништо не ја намалува одговорноста на повиканите, да си ги исполнуваат своите задачи и надлежности, во делот на туристичката презентација на Охрид пред домашната и меѓународната јавност, вели потпретседателот на СДУ и носител на Советничката листа на СДУ за Охрид Веле Митаноски. Семето за успешна туристичка жетва се засадува сега и никој нема да не чека да ги завршиме изборните кампањи, ниту пак само за нас ќе се повторат туристичките берзи во Белград и Берлин, додава Митаноски. Тој упати критика до надлежните локални и државни авторитети, кои, поради кампањата подзаборавија на своите обврски. Според Митаноски, годинава акцијата требаше да биде понагласена поради економската криза.

“Ако се точни прогнозите на ХОТАМ дека престојната сезона ќе бележиме за 50 до 70 посто помала посета, тогаш е време за сериозен аларм. Охрид децении наназад развива некаква индустрија, но факт е дека живее од туризмот и затоа е недозволиво секакво подзастанување, особено ако е предизвикано поради обврски со тековната кампања од изборите, вели во писмената рекација до медиумите Веле Митаноски, потпретседател на СДУ и носител на Советничката листа за  Охрид.

Ohridnews