Општинската организација на Социјадемократската унија, денеска одржа тематска прес-конференција, на која говореа потпретседателот на Партијата и носител на Советничка листа во Охрид, Веле Митаноски и претседателот на Општинската организација на СДУ Марко Спасески. Спасески на почетокот искажа задоволство од начинот и резултатите во спроведувањето на сопствената кампања.

“Настапот го концепиравме на начин, како да им ја направиме достапна на граганите нашата програма. Досега, посредно, преку електронските медиуми, интернет изданијата,  сопствената веб-страница и скромен печатен материјал. Сето тоа да биде скромно и достоинствено, бидејќи е навистина жално и срамно, во ова време, да се фрлаат толку пари. Во тој дух, вториот дел од кампањата, ќе мине, главно, во контакт со граѓаните”, рече Спасески и веќе за утре, во 18:30 часот, најави средба со жителите на Куратица. Потоа следат Пештани, Радојца Новичиќ, Долно и Горно Лакочереј и на крајот во градските средини.

Тежиштето на прес-конференцијата беше посветено на прашањето за улогата, компетенциите и перспективите во подигнувањето на авторитетот, достоинството и дигнитетот на Советот на општина Охрид.

“За нас, обезбедувањето на грагански карактер на Советот на општината, е апсолутен приоритет” , рече Веле Митаноски. “Ќе им овозможиме на граганите да влијаат врз работата на Советот, за прашања од нивни непосреден интерес. Ќе организираме јавни собири, анкети, граѓански иницијативи, ќе иницираме притисок на невладините организации и на средствата за јавно информирање, се со цел Советот да има поголем слух и разбирање за потребите на граганите”, додаде Митаноски.

  Митаноски, најави иницијативи за измена и надополнување  на Законот за локална самоуправа, програми за едукација на советниците, како и  иницијатива за уасвојување на посебен Закон за Охрид, како и Закон за легализација на дивоградбите.

На прес-конференцијата, Митаноски даде оценка за досегашниот тек на кампањата која, тој ја оцени како коректна, со како што рече, мали исклучоци на двете спротивставени партии, главни претенденти за градоначалничката функција. Добро е што, барем засега, тоа го прават партиите, а не и нивните фаворити”, оценува Митаноски, кој упати критика и за реториката во трката за шеф на државата.