Претседателот на општинската организација на Социјалдемократската унија и носител на советничката листа,Веле Митаноски, денеска на прес-конференција ќе говори за фискалната децентрализација.Прес-конференцијата ќе се одржи во седиштето на Општинската организација на СДУ, со почеток во 10 часот.

 Суштинското развластување на ресорните министерства во Владата на Република Македонија, посебно во делот на урбанизацијата на просторот, образованието, културата и слично, се стожерни активности на СДУ, посебно потенцирани во Изборната програма на Веле Митаноски.

Од друга страна, локалната самоуправа од Охрид, не влезе во втората фаза од фискалната децентрализација, за што има спротивставени мислења кај политичките субјекти. На овие и други прашања од непосреден животен интерес за граганите, ќе се обиде да даде одговор Веле Митаноски, инаку доскорешен пратеник во Собранието на Република Македонија, велат од седиштето на СДУ во Охрид.

Ohridnews