Општинската организација на Социјадемократската унија денеска со почеток во 11:00 часот закажа прес-конференција, на која ќе говорат потпретседателот на партијата и носител на советничка листа во Охрид, Веле Митаноски и претседателот на Општинската организација на СДУ, Марко Спасески.
Прес-конференцијата е тематска, и е посветена на прашањето за улогата, компетенциите и перспективите за подигнување на авторитетот, достоинството и дигнитетот на советот на општина Охрид.
Потпретседателот на СДУ, Веле Митаноски ќе даде оценка за досегашниот тек на кампањата за претседателските и локални избори во Република Македонија, со посебен нагласок на Охрид, најавуваат од седиштето на партијата.
Ohridnews











