Денеска започнаа активностите за асфалтирање на дел од улицата „Јордан Мијалков“. Во оваа фаза предвидено да се асфалтираат 400 метри со ширина од 5,5 до 6 метри, информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Градежните активности ги изведува АД „Илинден“, а финансиските средства се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

На улицата претходно, оваа пролет, беше изграден потисен цевковод во должина од 300 метри, вреден 5 милиони денари, исто така обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

OhridNews