Со забрзана динамика се разботи на поставувањето нов асфалтен слој на патниот правец Дебар-Струга, делница Дебар-Џепиште, пренесува „Канал5“.

Како што пишува овој медиум, претходно нов асфалт доби и дел од делницата Глобочица-Струга, а саниран беше и мостот во близина на Глобочица. Активностите се реализираат според програмата на Јавното претпријатие за државни патишта.

OhridNews

фото: „Канал5’’