Се асфалтира улица „28-ми Април“. Градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков претпладнево направи увид на градежните работи, информираат од општинската прес служба.
Асфалтен слој се поставува на должина од 550 метри и ширина од 6 метри, велат во соопштението.
Претходно на улицата се гребеше стариот асфалт, просторот се тампонираше и се нивелираа шахтите. Асфалтирањето на улицата се очекува да заврши денес.
Проектот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид и се реализира со средства од буџетот на локалната самоуправа.
OhridNews













