Започна асфалтирањето на улица „Спас Банџов“ во центарот на Охрид, информираат од Општина Охрид.
Се реконструира целата улица со должина од 160 метри и ширина од 5 метри. Претходно се реализираа подготвителни активности, гребење и чистење, додаваат во соопштението.
Проектот, велат, е дел од Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици и се реализира со средства од буџетот на Општина Охрид.
OhridNews












