Новата локална самоуправа вчера отпочна со асфалтирање на улици во с. Ботун, најавувајќи модернизација на патната инфраструктура и во другите населени места во општината.

-Во моментов имаме асфалтирање на локална улица во с.Ботун но продолжуваме и во другите села така што ќе извршиме асфалтирање на локални улици во с.Песочан,с.Лешани и с.Лешани  вкупната должина со која ќе се асфалтираат овие улици е околу 500 метри.Исто така во наредните денови ке се изврши санација на ударни дупки во сите населени места во Општина Дебарца при што ке бидат вградени 240 тони асфалт.-изјави градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.

Тој најави дека во наредните десетина дена ќе биде изграден локален пат од с.Сливово спојка со магистралниот пат Охрид-Кичево во должина од 3000 метри.

OhridNews