Жителите на неколку улици низ градот, на кои уште минатата година беа извршени одредени градежни работи, конечно можат да здивнат. Надлежните денес започнаа да ги афалтираат и враќаат во првобитна состојба.


Првично даденото ветување од страна на надлежните, во месец февруари,  беше дека асфалтирањето ќе се изврши по 15- ти февруари со објаснување дека кога времето е ладно, ниту една асфалтна станица не работи и дека ниските температури влијаат врз квалитетот на асфалтот.

OhridNews