Здружението за заштита на животни „Анималиа“ во насока на намалување на бројот на бездомни животни, како и спречување на нивно патење на улиците, а со поддршка на OhridNews, продолжува со објава на кученца и маченца кои се подготвени за вдомување. Сите кученца и маченца се прочистени од внатрешни и надворешни паразити и сите трпат промена на името.

Во моментов итно се бара дом за две братчиња и една сестричка кои ќе бидат со среден раст. Овие кученца се најдени исфрлени од несовесни сопственици.

-Алармантно е ова што се случува во Охрид, има многу вакви случаи. Убиство е ова што го чинат дел од нашите жители. Иако законите се крајно ригорозни во однос на ваквите постапки, сепак досега никој не одговарал за овие сторени злодела. Исто така овие постапки и нам ни предизвикуваат проблеми, бидејќи прифатилиштето е преполно со малечки кученца налик овие и навистина не можеме да постигнеме, нема каде да ги згрижиме, а немаме енергија ниту пак доволно храна, велат од „Анималиа“.

Доколку сте заинтересирани за вдомување, пишете порака на https://www.facebook.com/AnimaliaOhrid или пратете СМС порака на контакт телефон: 072 550 890 или 071 584 566.

Воедно, замолуваме и за донации, како би излегле на крај со трошоците за исхрана и за ветеринарни услуги. Сметката е: Денарска сметка: 200002644723228 Депонент: Стопанска Банка АД – Скопје. Благодариме!

Најголемата донација е кога некој ќе вдоми некое кученце бездомно!

Повеќе инфо за „Анималиа“ и животинките кои бараат домче на следниот линк.

OhridNews