Се бара насилник кој со нож им се заканувал на граѓани собрани околу василичарски оган
14.01.15 13:24
Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое утрово во Охрид изврши кривично дело „насилство“. Настанот е случен утрово во 06 часот и 40 минути на улицата „Радојца Новичиќ“ кога засега непознатиот сторител, пред група граѓани собрани околу василичарски оган, го запрел патничкото моторно возило марка „Голф“ со скопски регистарски таблици и со нож во рака им упатил повеќе вербални закани.
Потоа, со возилото со голема брзина се упатил кон граѓаните и поминал преку запалениот василичарски оган. Притоа на едно лице му нанел лесни телесни повреди односно повреди во пределот на левото колено и левата рака. Веднаш потоа избегал од местото на настанот.
По целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот на кривичното дело „насилство“ Секторот за внатрешни работи Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава.
По повод 8-ми Декември – СвКлимент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распиша Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба Темата на Конкурсот треба да се однесув...
По повод 8-ми Декември – „Св Климент Охридски“-градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот „СвКлимент Охридски” за 2025 година Награда...
Реконструктивни зафати за подобрување на условите за згрижување на деца во објектот „Росица“ на детската градинка „Јасна Ристеска“ се реализирани изминатиот период, информираат од Општина Охрид Пос...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.