Министерството за животна средина и просторно планирање отпочна постапка за пополнување на испразнетото место- државен инспектор за животна средина за општина Охрид, на кое до неодамна беше актуелниот градоначалник на општина Дебрца, Игор Трајкоски.

Како што информираат од министерството, во тек е подготвување на барање за пополнување на местото, кое ќе биде испратено до министерството за финансии, а по добивањето на одобрението ќе биде отворен конкурс за избор на нов инспектор за животна средина.

Во меѓувреме, охридскиот регион, доколку има потреба, ќе го покрива инспектор за животна средина од Битола.

Државниот инспектор покрај општина Охрид, со своите ингеренции ги покрива и општините Струга, Вевчани, Дебрца и Ресен.

OhridNews