Министерството за внатрешни работи, врз основа на Програмата за волонтирање за 2014 година, има потреба од ангажирање на волонтери, поради што е објавен јавен повик за аплицирање на кандидати.

Се повикуваат сите заинтересирани кандидати – студенти на факултетите од областа на правните, безбедносните и економските студии – да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа студенти од областа на правните  и безбедносните студии – 25 волонтери, од кои еден во СВР Охрид и студенти – од областа на економските студии вкупно 13 волонтери, од кои еден волонтер во СВР Охрид.

Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период од 15.06.2014 до 15.09.2014 година, без можност за продолжување на волонтирањето.
Кандидатите кои аплицираат за волонтер во Секторот за внатрешни работи – Охрид, потребните документи да ги достават во писарницата од секторот. Селекцијата на кандидатите ќе се врши од страна на Комисија формирана од Министерот за внатрешни работи. По завршување на постапката на селекција и рангирање на кандидатите, избраните кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење на волонтерска работа.

Кандидатите може да ја посетат интернет страната на Министерството за внатрешни работи www.moi.gov.mk, од каде можат да добијат информации за функциите, надлежноста и делокругот на работа на Министерството за внатрешни работи.

OhridNews