
И двата јавни повици ќе траат до 14 јули 2014 години, период во кој сите лица кои поседуваат квалитет и способност, и имаат соодветно образование и професионално искуство можат да аплицираат и да се стекнат со правото да бидат избрани за вршење на работите. Процедурата за апликација е идентична за двата јавни повика. Се аплицира единствено по електронски пат преку интернет страната на Владата на Република Македонија.
Од кандидатите се бара да имаат повеќегодишно искуство и соодветно образование за позицијата за која се пријавуваат, како и задолжително познавањето на англискиот јазик. Предност ќе имаат кандидатите со завршен втор или трет циклус на студии. Кандидатите потребно е да имаат лични успешни резултати во областа за која аплицираат, да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат вештини за тимска работа и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици во периодот на спроведување на значајни структурни реформи во земјата и остварување на политиките на Владата. Избраните кандидати ќе бидат именувани за советници од страна на претседателот на Владата.
OhridNews












