Во февруари годинава се издадени 335 одобренија за градење што е за 48,2 процента повеќе во однос на февруари лани, објави Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.872.239.000 денари, што е за 228,3 проценти повеќе споредено со феврури минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 197 (58,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 39 (11,6 проценти) за објекти од нискоградба и 99 (29,6 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 335 објекти, на 198 (59,1 процент) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 137 (40,9 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 848 станови со вкупна корисна површина од 66.209 метри квадратни.

На подрачјето на Охрид во текот на месец февруари биле издадени 3, а во Струга 12 одобренија за градење.

OhridNews