
Според податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари – изнесува 4,1 долари, што е за 670 милиони долари повеќе во однос на истиот период лани. Истовремено биле увезени стоки во вредност од 6,0 милијарди долари, што е за точно 700 милиони долари повеќе во однос на истиот прриод лани.
Трговскиот дефицит е речиси непроменет и изнесува 1,9 милијарди долари, додека покриеноста на увозот со извоз достигнала 68,1 отсто, наспроти минатогодишните 64,5 отсто
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.
Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.
OhridNews












