Во терористичките напади кои утрово се случија на аеродромот Завентем и метро станицата Малбек во Брисел нема повредени и загинати македонски дипломати, соопштил амбасадорот во Постојаната мисија на Македонија во ЕУ, Андреј Лепавцов.

Во изјава за МИА, Лепавцов потврдил дека македонската амбасада и Постојаната мисија при ЕУ денеска продолжуваат со работа и покрај рестрикциите во европската област во Брисел, каде во непосредна близина, односно стотина метри од македонските дипломатски претставништва беше извршен бомбашкиот напад во метрото.
Околу тоа дали има загинати или повредени македонски граѓани во терористичкиот напад, Лепавцов истакнал дека за ова официјална информација се очекува од државните органи на Белгија.

„Сите македонски дипломати се безбедни и нема повредени и загинати. Нашите дипоматски претставништва продолжуваат со редовна работа, а од белгиските официјални органи очекуваме информација за тоа дали меѓу повредените и загинатите има македонски граѓани“, рекол Лепавцов.

OhridNews