Станува збор за промена на постоечките улични сијалици со современи, диодни сијалици, кои би давале подобар квалитет на осветлувањето, но со значително помала потрошувачка на електрична енергија.
Според информациите од Локалната самоуправа, се очекува со осовременувањето на уличното осветлување, значително намалување на трошоците, односно од досегашниите 3 милиони денари кои се плаќаат за улично осветлување, тие да се намалат на околу 500. 000 денари.
– Диодните сијалици траат многу подолго отколку постоечките. За да се реализира ваквата идеја потребни се многу средства. Затоа замислата е таа да се изведе по пат на јавно- приватно партнерство. Веќе неколку фирми имаат покажано интерес, доколку советниците ја прифатат идејата тогаш ќе се бара фирма која ќе понуди најповолни услови. Од оние разговори кои досега сме ги направиле со заинтересираните, тие се расположени да дадат и 15 годишна гаранција за квалитетот на сијалиците кои би се поставиле, велат од Локалната самоуправа.
За реализација на ваквата идеја се чека на зелено светло од советниците. Предлогот на градоначалникот Александар Петрески, по пат на јавно- приватно партнерство да се инвестира во сменувањето на над 30.000 сијалични места во општината, беше ставен како точка на дневен ред на последно одржаната седница на советот. За предлогот ќе се одлучува на нејзиното продолжение кое дополнително ќе биде закажано.