Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве реализираа акција за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи по градската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот. Заради непречено одвивање на акцијата, истата била реализирана во раните утрински часови и биле ангажирани 4 комунални работници со специјални алатки.

Исто така вработените во ова јавно препријатие во текот на изминатат седмица биле  ангажирани и околу расчистувањето на јавните површини во градот од лисјата  кои во овој период интензивно паѓаат. Подигнатиот отпад од листови транспортира во расадникот на јавното претпријатие, каде понатака се искористува како суровина во фазата на компостирање.

OhridNews