По налог на oпштина Дебрца, Јавното комунално претпријатие „Дебрца“, деновиве го заврши расчистувањето на локалниот патен правец Белчишта – Ново Село, а при крај е расчистувањето на патниот правец Мешеишта – Волино.

На овие патни правци се изврши машинско и рачно отсранување на бујната вегетацијата – капини, ниско стеблески и високо стеблести растенија.

-Бујната вегетација им пречеше на возачите и минувачите и ја намалуваше прегледноста на патиштата. Со чистењето безбедноста на учесниците во сообраќајот ќе биде на едно повисоко ниво, велат од општина Дебрца.

OhridNews