Во рамки на редовните активности на Ј.П. „ Охридски Комуналец” за чистење на крајбрежниот појас и градскиот кеј, по налог на општинскот инспекторат деновиве се реализираа активности за   чистење на наносите од тиња, трска и натрупан комунален отпад во близина на Холандскиот Парк.

Чистењето, подигањето и транспортот на наносите од тиња се изведуваше со багеровање со специјална механизација (ровокопач-ИЦБ и  камион ФАП), при што се подигнати околу 20 метри кубни тиња.

OhridNews