Екипите од  Ј.П. „Охридски Комуналец“, деновиве,  спроведоа  акција за расчистување на натрупаната тиња  и трска од езерските води во близина на Холандскиот Парк.

Акцијата се изврши со багерување, со ангажирање на специјална машина ИЦБ, при што беа подигнати околу 40 метри кубни отпад.

Акцијата се спроведе по добиен налог од комуналната инспекција, а од претпријатието информираат дека во текот на годината се спроведуваат неколку слични активности ,во зависност од потребите.

OhridNews