Викендов со механизација започна акција за чистење на дното на пристаништето во Св. Наум. Преку отстранување на наносите кои со години се таложеле на овој потег, се цели кон зголемување на оперативноста на ова прометно пристаниште.

Ваква акција во април беше реализирана и на градското пристаниште во Охрид со цел подобрување на безбедноста во водниот сообраќај.

Последен пат дното на охридското пристаниште е чистено во 2006-та година.












